Адвокатот Страшевски: Ликот на Палевски не се гледа на ниту една снимка, ова е толку аматерски изведено од Обвинителството

од Nikola Popovski
351 прегледи

Ликот на Љупчо Палевски не се гледа на ниту една снимка. Тоа го утврди и самиот судија дека наликува на него, ама не е ликот. Невозможно е ОЈО да ги има сите докази кај нив, да го има возилото на вештачење, да тврди дека нема ДНК анализа, а да тврди дека Палевски го возел возилото, изјави денеска адвокатот Јовица Страшевски кој го брани Љупчо Палевски-Палчо за убиството на Вања и Панче.

Страшевски беше еден од адвокатите кои првично ги бараше Палевски да го бранат во текот на судскиот процес. Според него, снимките од камерите не покажуваат ниту еден лик.

-Не може да кажуваат дека овој ни наликува или со несигурност. Досега Обвинителството од 193 изведени докази, нема ниту еден презентиран доказ дека убиството е извршено од овие луѓе. Ниту еднаш не прикажаа снимка од местото на настанот, од пред зградата, од движењето. Невозможно е на ваков сериозен настан, да не повика движење на возила што се пред и по возилото, да не истражат дали забележале нешто сомнително во тој период.

Ова е толку аматерски изведено од Обвинителството. Немам досега сретнато во кариерата, рече Страшевски во изјава за медиумите.

Во Кривичниот суд продолжи судскиот процес за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежоски. На денешното рочиште Обвинителството презентира видеоматеријали од безбедносните камери презентирани нови докази.

Слични содржини