Ни сам не знае каде ќе игра: Шрудер смени 4 клуба за 24 часа

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Денис Шрудер пред неколку дена го нарече самоволието на клубовите кога е во прашање периодот за „тргување“ со играчи во НБА „модерно ропство“. А потоа, во рок од 24 часа, од прва рака доживеа како функционира тоа.

МВП играчот на претходниот Мундијал ја започна сезоната во Бруклин, кој пред еден месец го трејдуваше во Голден Стејт.

А по шокантниот „трејд“ со Лука Дончиќ за кој сите зборуваа, Шрудер имаше многу јасен став:

„Ова е модерно ропство. И покрај тоа што имате договор, секој може да одлучи каде ќе одите. Се разбира, заработуваме многу, но кога се ќе се сведе на тоа, ако ти кажат – не доаѓај утре на работа, те пративме на друго место – тоа значи дека тие одлучуваат за се. Тоа би морало малку да се промени“.

И тогаш се се промени за германскиот кошаркар. И тоа повеќе пати за само 24 часа.

Вориорс прво го испратија во Мајами во замена за Џими Батлер, но Мајами само го „проследи“ до Јута во истиот трејд.

Шрудер дури се загреваше и се надеваше дека ќе дебитира за Јута кога го повикаа во соблекувалната и му кажаа дека е разменет во Детроит.

Слични содржини