Ентони ја објасни својата ренесанса во Реал Бетис

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Крилниот напаѓач на Реал Бетис, Ентони ја објасни својата трансформација по заминувањето од Манчестер Јунајтед. Бразилецот му се приклучи на шпанскиот клуб на позајмица на крајот од зимскиот преоден рок.

Антони во четирите настапи за Бетис постигна три гола и една асистенција. 24-годишниот Бразилец е прогласен за играч на натпреварот во секој од неговите три настапи во Ла Лига.

Фудбалерот во оваа прилика вели дека работи исто толку напорно како во Манчестер, но успеал да се чувствува среќен во Севиља.

„Ми беше многу важно да почнам добро. Повторно се пронајдов себеси. Кога си среќен, кога работиш со задоволство, се си доаѓа на свое место природно. Секој ден се будам со насмевка на лицето, легнувам со насмевка на лицето и тоа ми е најважно.

Не играв многу во Манчестер, но работев напорно секој ден. Многу сум благодарен за времето поминато во Манчестер, каде имав тешки моменти, но и многу добри. Освоив два трофеи со Јунајтед, за што сум многу среќен. Но, тука се пронајдов себеси и повторно се чувствувам среќен.

Треба да се чувствувам среќен. Така е со нас, Бразилците. Исто така, многу помага сонцето, градот е подобар овде. Многу сум среќен овде“, го цитира ЕСПН Ентони.

Слични содржини