Богојески: Генералното собрание на ООН ја немаат истата тежина и важност како одлуките на Советот за безбедност

Од Македонски Концепт ден претходно изјавија дека стојат зад принципот на територијален интегритет и суверенитет на државите. Ние не прифаќаме отцепување на територии преку воена агресија – ниту на Крим, ниту на Косово, ниту сега со обидот да се одземе уште 30% од украинската територија

од Даниел Ѓорѓиевски
183 прегледи

Имаме идеја, имаме план, Македонија има пријател – објави премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски пред посетата на САД која беше трета во краток временски период. Посетите на САД од владата ги оценуваат како позитивен и значаен чекор кој ќе ги подобри односите со најголемата светска сила.

Со сличен став е  и претседателот на политичката партија Македонски Концепт, Петар Богојески кој за „Локално“ изјави дека посетите на премиерот и средбите со влијателни личности блиски до новата американска администрација се патриотски чин кој ќе даде позитивен фидбек кој ќе постави цврсти темели на меѓународно ниво и ќе ни гарантира стабилност.

„Обидот на Мицкоски да ја задржи фокусираноста на САД кон Македонија, претставува значаен и одговорен патриотски потег, кој ја заслужува нашата целосна поддршка. Македонски Концепт смета дека партнерството на Македонија со САД треба да се продлабочи и надгради, на исто ниво на она како Израел со САД. Соработката на Владата со САД е одличен курс во надворешната политика!“, изјави првиот човек на Македонски концепт.

За  претседателот на политичката партија Македонски Концепт, одлуките на Генералното собрание на ООН ја немаат истата тежина и важност како одлуките на Советот за бедбеснот. Богојески смета дека резулуцијата која ја поднесе САД а со која се бара прекин на војната во Украина а е поддржана од нашата земја е од огромно значење и недвосмислен показател за нашата геополитичка определба.

„Необврзувачки се одлуките на Генералното собрание на ООН, важно е што одлучи Советот за безбедност. Вчера беше историски ден, усвоена е Резолуцијата која беше предложена и од Република Македонија и истата е задолжителна за сите, вклучително и Русија, која е приморана да објави прекин на огнот и да започне мировни преговори со Украина. Конечно ќе престанат да умираат млади момчиња од Украина и Русија, цивили од украински и руски градови и села! Конечно лудилото ќе престане!“, смета тој.

На прашањето дали Македонија и премиерот Мицкоски треба да очекува новата американска администрација да го реши проблемот со Бугарија, Богојески смета дека крајот на војната во Украина ќе значи дека фокусот на САД и ЕУ ќе биде фокусиран кон проширување на Европската Унија и интеграција на земјите од Западен Балкан, а САД и новиот претседател Трамп ќе имаат значајна улога во тој процес.

-Не на Мицкоски, туку на Македонија да и заврши работа. Ве молам да правите разлика околу тој факт. Претседателот Трамп и неговиот тим постогнаа огромен успех и за само еден месец ја смирија состојбата од “орешник кон Лондон” до состојба “зелена маса во ООН”! Посакувам брзи и ефикасни преговори и конечен Мировен договор за Украина, врз база на меѓународното право и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на завојуваните страни. Тоа е важно и за Македонија, бидејќи по завршување на војната во Украина, САД и ЕУ ќе се фокусираат на проширување и интеграција на Украина и Западен Балкан во Унијата. Како за НАТО, така и за ЕУ, САД ќе имаат клучна улога за Македонија! Нашиот пат и иднина е во ЕУ! , дециден е Богојески.

Петар Богојески

Петар Богојески

Со официјално соопштение излезе и партија Македонски Концепт која на социјалните медиуми повика на мир и прекин на огнот и даде недвосмислена поддршка за преговорите помеѓу САД И Русија.

„Веруваме дека мирот е единствениот пат напред и дека одлуките мроа да се вратат во тамките на Обединетите нации и меѓународно воспоставениот правен поредок. Само преку дипломатски дијалог, заснован на принципите на меѓународното право, може да се најде праедно и трајно решение,“ стои во соопштението.

Инаку, голем број на реакции доаѓаат откако се навршија три години од почетокот на војната помеѓу Русија и Украина и  низата на понудени решенија за прекин на огнот  од страна на Соединетите Американски Држави и новиот претседател Доналд Трамп кој застана на страна на Русија и претседателот Владимир Путин.

Д.Ѓ

Слични содржини