ССМ: Минималец поголем за 6000 денари или генерален штрајк

од Даниел Ѓорѓиевски
170 прегледи

Сојузот на синдикати на Македонија не се откажува од барањето за зголемување на минималната плата, но и на останатите плати во приватниот и јавен сектор.  Првиот човек на ССМ Слободан Трендафилов потврди дека до Владата, работодавачите и координаторите на пратеничките групи ќе биде доставено предлог-барање за покачување на минималната плата од 6000 денари и очекува  да биде прифатено, во спротивно најави генерален штрајк.

,,До Владата, претставниците на работодавачите, координаторите на пратеничките групи ќе доставиме предлог со кој бараме утврдување на минималната плата согласност закон за минимална плата. Дополително бараме да се утврди минималната плата согласно законот и да се зголеми за 6000 денари во приватниот и јавниот сектор, а очекуваме да бидат субвенционирани платите во делот на придонесите. Сметаме дека сега е момент да се унапреди социјалниот стандар на граѓаните и очекуваме тоа што го предлагаме од страна на пратениците да биде изгласано сложно  онака како што беа сложни за трошоците за превоз” изјави Трендафилов.

Според Тренфафилов, Економско-социјалниот совет во моментот е нефункционален а како главен виновник ја потенцира владата која ги повлекла тројцата членови од Комисијата за репрезентативност на синдикатите, и без мислење на таа комисија според првиот човек на ССМ не може да се одреди висината на минималната плата.

,,Дополнително тоа што не загрижува е што од нејасни причини комисијата за утврдување на репрезентативност не е функционална поради тоа што тројцата членови се повлечени од владата и додека не добие ССМ репрезентативност за да може да се состане Економско-социјалниот совет кој по закон дава мислење до надлежниот министер да ја објави минималната плата, се до тогаш, ќе биде против законско објавување на висина на минимална плата” изјави Трендафилов.

Трендафилов го нагласува барањето на ССМ и смета дека е од клично значење за Македонија, бидејќи според него секое гласање против повисоката плата ќе значи причина плус за трајно иселување на работната сила од државата.

“Секој глас против повисок минималец, ќе значи глас „ЗА“ за билет во еден правец од државата. Најдоцна до 15 март треба да се состанеме и  да ја утврдиме  минималната плата, бидејќи сметководителите треба да ги прават пресметките, а платата да биде исплатена најдоцна до 15 април – додаде Трендафилов, посочувајќи ја потребата од зачувување на ионака малкуте работници кои останаа во државата,, изјави Трендафилов

Слични содржини