Планот на Трамп за обнова на Газа ќе расели околу 2 милиони Палестинци

од Даниел Ѓорѓиевски
18 прегледи

Каиро е домаќин на самитот на Арапската лига на кој ќе се разговара за обновата на Газа. Дали арапските земји можат да се спротивстават на контроверзниот предлог „Ривиера на Газа“ и можеби да го отворат патот за решавање на конфликтот, ќе биде главната тема на која ќе се дебатира, откако минатата недела новиот американски претседател Доналд Трамп сподели видео креирано од вештачка интелигенција во кое е претставено како треба да изгледа Газа според визиите на американскиот претседател.

Во видеото е претставена џновска златна статуа на Трамп, Илон Маск и палестински деца кои фрлаат банкноти од долари во воздух, а самиот Трамп со голи гради лежи во одморалиште на плажа, со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Видеото е резултат на визијата на Трамп а таа е резултат на идеата на претседателот  САД  да ја преземе  Газа и да ја претвори во „Ривиера на Блискиот Исток“. Планот на Трамп вклучува и преселување на околу два милиони Палестинци во други земји, најверојатно Египет и Јордан. Идејата предизвика меѓународен гнев, а Обединетите Нации предупредија дека секој таков чекор може да се смета за етничко чистење.

Видеото генерирано со вештачка интелигенција,  предизвика бес, не само затоа што го игнорира палестинското страдање, туку затоа што го промовиран планот  на Трамп во време кога се бараат пореални алтернативи откако по една година војна и повеќе од 60% од инфраструктурата на Газа се уништени од страна на Израелските напади, како одмазда на нападот на Хамас.  Во тој терористички напад загинаа околу 1.200 луѓе, а околу 250 беа земени како заложници во Газа. Во израелската воена операција што следеше загинаа околу 48.000 луѓе само во Газа.

Од страна на Светската банка беше проценето дека за обновување и реконструкција на Газа ќе бидат потребни 53,2 милијарди долари во текот на една деценија, а само 20 милијарди долари би биле потребни во првите три години за обновување на основните услуги, обнова на инфраструктурата и поддршка за  економско закрепнување.

 

 

 

 

Слични содржини