Премиерот на австралиската држава Западна Австралија, Роџер Кук, го нарече американскиот потпретседател Џеј Ди Венс „празна глава“ кој влезе во американската политика.
Тој ова го изјави на предизборен митинг во Перт, пред изборите во таа австралиска држава во сабота, на кои беше гостин говорник. На прашањето на новинарите дали администрацијата на Доналд Трамп претставува „темен пат“ за светот, тој одговори дека новиот американски претседател носи неизвесност.
Потоа се извини, велејќи дека сигурно имал „непрофесионален момент“ „Само се забавував. Тоа беше безгрижен, непрофесионален момент и не сакав никого да навредам“.
„Кога реков дека имаше многу аплауз низ собата, па можеби некои луѓе уживаа во забавата што следуваше со него. Можеби други луѓе се навредени и се извинувам“, изјави Кук.
Кук се бори за трет лабуристички мандат. Венс се соочува со критики од јавноста во Америка по средбата со Доналд Трамп и претседателот на Украина Володимир Зеленски во петокот, поради тонот со кој му се обрати на украинскиот претседател, пренесува Танјуг.