Никола Ѓурѓај, Илинден Тирана: За време на пописот во Албанија цела Бугарска влада беше активна и вршеше уцени врз Македонците

За време на пописот целата влада на Бугарија беше активна и се мешаше во пописот во Република Албанија. Тоа е факт.  Иако на последниве 11 пописи ниту еден жител не се декларирал како дел од бугарско малцинство, државниот врв на Бугарија ја принуди Република Албанија да признае непостоечко бугарско малцинство изјави за Локално Ѓурѓај

од Даниел Ѓорѓиевски
275 прегледи

За време на пописот во Албанија цела Бугарска влада беше активна и вршеше уцени  врз македонското население да се изјаснат како Бугари и добијат Бугарски пасош, изјави за Локално Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво Илинден во Албанија. Тој потенцира дека како активисти за правата на Македонците во Албанија постојано ги информира институциите во Албанија и Македонија за засилените активности на бугарската пропаганда.

,,Македонско друштво “Илинден”-Тирана во контунитет последните години ги информираше албанските инситуци како и институциите во Македонија исто време и јавноста дека бугарската пропаганда е многу активна меѓу Македонците во Република Албанија. За време на пописот целата влада на Бугарија беше активна и се мешаше во пописот во Република Албанија. Тоа е факт.  Иако на последниве 11 пописи ниту еден жител не се декларирал како дел од бугарско малцинство, државниот врв на Бугарија ја принуди Република Албанија да признае непостоечко бугарско малцинство.  Главно е делење пасоши и уцена да се пишат Бугари за да добијат државјанство, бидејќи само тоа „пали“ кај населението поради економски причини за да бегаат во западните земји за подобар живот. Да беше Албанија или Македонија во ЕУ нема ни што да нудат. Бугарската пропаганда е многу активна меѓу Македонците во Република Албанија и во моментот за тоа Македонско друштво “Илинден”-Тирана, ги повикува инситуците на Република Албанија да преземат мерки за заштита на Македонците во Република Албанија како лојални граѓани. Ризикот е голем за асимилирање на Македонците во Република Албанија па затоа повикуваме да се преземат мерки’’ изјави Ѓурѓај.

На прашањето дали албанските власти им дозволуваат на Македонците да ја искажуваат својата самосвест и дали се работи на промоција на македонскиот идентитет и култура, Ѓурѓај нагласува дека македонците во Албанија ги имаат сите малцински права и не се спречени да го афирмираат македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, но нагласува дека друштвото Илинден-Тирана ќе продолжи да работи против Бугарската пропаганда и агитирање помеѓу македонското население во Албанија.

‘’Република Албанија признава Македонско национално малцинство. Македонско друштво “Илинден”-Тирана, има 16 години од формирањето и се бори за заштита на правата на Македонците во Република Албанија, но и работи и на културен план, и за афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет на Македонците во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе продолжи да биде во контакт со институциите во Република Албанија како и во Република Македонија исто време ќе ги информираме и меѓународните институции за притисоците што ги прават бугарските владини преставници,, изјави Ѓурѓај.

Никола Ѓурѓај

Никола Ѓурѓај

 

Ѓурѓај нагласува дека очекува поголема комуникација од страна на властите во Македони ја и Македонските здруженија во Албанија, како и политичка поддршка и помош со која ќе се подобрат условите на македонското малцинство кое живее во нашиот западен сосед.

“Македонско друштво “Илинден”-Тирана, е во конткат со Македонската Влада и секако дека очекуваме Владата да ни даде помош и политичка поддршка бидејќи во овој период ни е најпотребна и се надеваме дека понатаму грижата ќе биде и поголема, а истовремено Владата мора да комуницираат и да соработуваат со македонските друштва во Република Албанија,, завршува Ѓурѓај.

Д.Ѓ

Слични содржини