Познатиот голфер Тајгер Вудс и Ванеса Трамп, поранешна сопруга на Доналд Трамп Џуниор, официјално ја потврдија својата врска. Вудс објави две романтични фотографии со Ванеса на својот Инстаграм профил, со што стави крај на гласините кои кружеа последните недели.
„Љубовта е во воздухот и животот е подобар со тебе! Со нетрпение го очекуван нашето животно патување заедно“, напиша Тајгер Вудс во описот на фотографиите на кои позира со Ванеса Трамп, додавајќи: „Молиме за приватност за сите блиски до нашите срца во овој момент“.
View this post on Instagram
Според американските медиуми, Вудс и Ванеса се гледаат веќе неколку месеци, а нивната врска првпат била потврдена на 13-ти март.
Интересно, тие се запознале преку нивните деца кои се натпреваруваат во јуниорски голф. Ќерката на Ванеса, Каи (17) и синот на Вудс, Чарли (16) неодамна настапија на „Junior Invitational“ турнирот во Јужна Каролина. Извор близок до парот открил дека тие се поврзале поради нивната заедничка страст за спортските кариери на нивните деца.
„Нивните деца се одлични во голфот и двајцата се многу дисциплинирани кон спортот. Тоа е она што им е заедничко“, изјавил извор за „People“.
Ванеса беше во брак со Доналд Трамп Џуниор 12 години пред да поднесе барање за развод во 2018 година. Од тој брак ја има ќерката Каи и синот Доналд Трети (16). Според извори блиски до семејството, нејзиниот поранешен сопруг „нема проблем“ со новата врска.