Спортистите во шок: Испраќаат пораки за поддршка до Тајгер Вудс (ФОТО)

од Nikola Popovski

Откако доживеа сообраќајна несреќа, според многумина, најдобриот голфер на сите времиња, Тајгер Вудс, доби голем број пораки за поддршка преку социјалните мрежи.

Рано утрово во американската држава Калифорнија, Вудс изгуби контрола над своето возило под сè уште неразјаснети околности, како резултат на што излета од патот, а автомобилот заврши на покривот.

Тој е пренесен во болница, состојбата е стабилна, засега, според првите информации, а голем број спортисти му испратиле зборови на поддршка.

Прва што се јави е поранешната девојка на Вудс, Линдзи Вон.

После тоа, пораките почнаа да пристигнуваат од голем број професионални спортисти, дел поранешни, дел уште актуелни.

„Брзо закрепнување, Тајгер! Се молам за тебе и твоето семејство. Сè е секогаш под контрола на Бога. Остани силен“, напиша Стеф Кари.

На истото се надоврза и неговиот соиграч, Клеј Томпсон, кој напиша:

„Се молам за Тајгер…Страшни вести“.

„Сите испратете молитви за Тајгер Вудс! Тој доживеа тешка сообраќајна несреќа. Се молиме за неговото брзо закрепнување“, напиша легендарниот Меџик Џонсон.

„Мислам на Тајгер Вудс ова попладне … Се молам тоа  да биде само почеток на одличен кам-бек“, напиша Џулијан Еделман, еден од најдобрите фаќачи во историјата на Њу Ингланд Петриотс.

„Бори се Тајгер како шампион каков што си за твоите деца и целиот свет. Љубов и молитва“, напишал Мајк Тајсон.

„Се молам за мојот брат Тајгер Вудс додека ги чекаме вестите. Мислам на него и целото семејство “, напиша Алекс Родригез, познатиот бејзбол играч.

Слични содржини