НЕОДГОВОРНОСТА НА ТАЈГЕР ВУДС: Ова е негова трета сообраќајна несреќа, во 2009 го удрил својот автомобил, во 2017 возел пијан! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Тајгер Вудс утрово по американско време, доживеа сериозна сообраќајна несреќа.

Додека светот се справува со сообраќајна несреќа во Калифорнија, каде неговиот автомобил се преврте во близина на станбени згради, по што тој заврши во болница, ве потсетуваме дека ова не е негова прва сообраќајна несреќа.

Тој беше уапсен во 2017 година за возење во пијана состојба на Флорида,  бранејќи дека тоа не е вистина и дека заспал зад воланот под дејство на апчиња за спиење кои му ги препишале лекарите.

Потоа му била изречена условна казна од 12 месеци, со обврска да учествува во неколку програми за одвикнување од наркотични средства и алкохол.

Се појави и видео од апсењето, на кое се гледа како тој едвај стои на нозе за време на рутинското испрашување од полицијата.

Првите извештаи за вечерашната несреќа велат дека полицијата верува дека славниот голфер не бил под дејство на алкохол или дрога.

Тајгер Вудс имаше и сообраќајна несреќа со неговиот џип во 2009 година во близина на неговата вила на Флорида. Тогаш неговата тогашна сопруга го скрши стаклото со палка за голф, за да му помогне да излезе од автомобилот. Во таа прилика, тој удрил во хидрант, а после тоа удрил во блиското дрво.

На крајот, тоа беше причина за развод од неговата тогашна сопруга Елин Нордергрин.

Слични содржини