Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски се одложува за 23 април поради отсуство на адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски.
Судијата Ивица Стефановски, информираше дека денеска добил поднесок од бранителот на Палевски, адвокат Јовица Страшевски, со медицинска документација и барање за одложување. Судијата, посочи дека ова е прво вакво барање, но доколку се повтори во иднина ќе назначи судија по службена должност.
Следното рочиште, треба да продолжи со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски, којшто треба да одговара на вкрстени прашања на Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. На минатото рочиште, Палевски одговарајќи на прашања од неговиот бранител Јовица Страшески негираше одговорност за двојното убиство, тврдејќи дека нема мотив за такви злосторства и дека е жртва на „морален атентат“, организиран од политички и медиумски структури.