Со случувањата во коалицијата ВЛЕН се докажа дека немаат легитимитет. Ние сме победници и на претседателските избори и парламентарните избори. Се докажа дека преголемата моќта на власта не донесе благосостојба во држава. Ја гледаме внатрешната хармонија, односите со соседите, евроатлантските аспирации, слободата на медиумите…Имаат скоро 80 пратеници и воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот. Тие знаат дека самиот Арбен Таравари призна дека 70% од гласачите немаат доверба во нив и дека не се ценети во нивните коалициски редови, изјави пратеникот од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, Сали Мурати на денешната прес-конференција во Собранието. Неговата партија е дел од коалицијата Европски фронт која е предводена од ДУИ.
Според него, Mакедонија ќе влезе во подлабока политичка криза и оттаму како коалиција бараат предвремени парламентарни избори.
-Не сакаме да биде во Владата по секоја цена. Демантирам дека сум размислувал. Сум дел од Европскиот фронт, рече Мурати запрашан дали тој или некој од коалицијата има интерес за да пристапи кон владеачкото мнозинство.
Во текот на вчерашниот ден, претседателот на ДС, Павле Трајанов соопшти дека неколку партии посакуваат да се приклучат на мнозинството, но, не изнесе повеќе детали.