Претседателот Александар Вучиќ штотуку отпатува за Москва, каде што ќе присуствува на прославата на Денот на победата на Црвениот плоштад, објави „Блиц“.
„Претседателот јавно ќе ги презентира деталите за тоа како земјите се однесуваа кон нас во оваа ситуација“ истакна Ѓуриќ за патувањето на Вучиќ во Москва: „Во наш интерес е да присуствуваме“, додаде тој.
Инаку, вчера се појави информација дека Латвија и Литванија го забранија летот на српскиот претседател до Москва, па не е познато кој воздушен коридор го користи Вучиќ до руската престолнина.
На 9 мај, Русија го слави Денот на победата, 80 години од победата над фашизмот во Втората светска војна, со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.
Марко Ѓуриќ, министер за надворешни работи, по повод посетата на Вучиќ на руската престолнина изјави дека „Србија мора да биде против историскиот ревизионизам и свесна за фактот дека даде милиони жртви во борбата против фашизмот, без оглед на тоа што некој мисли за нејзиното учество на прославата на Денот на победата во Москва“.
– Претседателот јавно, малку подоцна, ќе ги презентира деталите за тоа како кои земји се однесуваа кон нас во оваа ситуација, изјави меѓу другото Ѓуриќ.
Вучиќ се појави во јавноста за прв пат утрово откако се разболе за време на викендот, поради што ја прекина посетата на САД и се врати во Белград.
Тој имаше средба во зградата на Претседателството, прво со рускиот амбасадор Александар Бочан-Харченко, а потоа и со британскиот амбасадор Едвард Фергусон.