4,5K
Лука Модриќ, 39-годишниот капитен на Реал, сè уште не знае каде ќе игра следната сезона.
Неговата желба е јасна – сака да остане во Реал уште една сезона и да настапи со Хрватска на Светското првенство во 2026 година.
И минатата година, Реал го одложи продолжувањето на договорот на Модриќ, но барем тогаш беа водени преговори. Сега Модриќ дури и не разговарал со претседателот Флорентин Перез за својата иднина.
Затоа, како што тврди шпанска „Марка“, неговите соиграчи вчера го повикале да му се јави на новиот тренер на Реал, Чаби Алонсо, кој воедно беше и негови поранешен соиграч. Фудбалерите го советуваат Модриќ директно да го праша Алонсо какви се неговите планови со него.