Селекторот на репрезентацијата на САД, Маурисио Покетино, изјави дека неговото враќање на менаџерската позиција во Тотенхем „не е реално“ во моментов, објави денес Би-Би-Си.
„Денес не е реално. Погледнете каде сме јас и мојот тренерски штаб. Одговорот е многу јасен“, рече Покетино.
Тотенхем го отпушти менаџерот Ангелос Постекоглу пред два дена, откако ја освои Лигата на Европа со лондонскиот клуб оваа сезона.