📽Српска кошаркарска легенда застана на страната на демонстрантите, Вучиќ доби нервен слом: „Тој е необразован!“

од Vladimir Zorba
597 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ коментираше за протестот „Се гледаме на Видовден“ во саботата, кој го организираа студенти во Белград, а на кој еден од говорниците беше познатиот поранешен кошаркар Дејан Бодирога.

Вучиќ, гостувајќи на телевизија, им се обрати на учесниците на протестот и конкретно го спомена Бодирога, кого го опиша како необразована личност.

„Ајде, не очекувајте ништо од Бодирога, Перишиќ, Кокановиќ… Тие немаат образование, тоа е во ред. Аман, луѓе, овие другите веројатно би можеле да кажат нешто“, рече Вучиќ, коментирајќи ја содржината на говорот на протестот.

На митингот одржан на Видовден, Бодирога им се обрати на собраните со зборови на поддршка за студентите и критики за моменталната општествена и политичка состојба.

„Видовден не е обичен датум, Видовден е совеста на народот, отпорот и неприфаќањето на тиранијата“, рече Бодирога, меѓу другото, нагласувајќи дека студентите претставуваат нова сила во борбата за вистината и поправедно општество.

Тој, исто така, остро ја коментираше состојбата на општеството: „Денес, за патриотизмот најмногу зборуваат оние кои го направија одвратен за луѓето, оние чија мерка е кражба, ароганција и предавство. Нарекувањето на оваа младина терористи и заштитата на најлошите криминалци е нивна мерка. Но, ние не се согласуваме со таква мерка. Срам да им е што ги напаѓаат најблагородните меѓу нас, оние кои треба да ја водат оваа земја.“

Заврши со емотивна порака до студентите: „Вие сте иднината, но и нашата единствена валидна сегашност. Вие сте патриоти во најдлабоката смисла на зборот. Храбри, паметни, благородни и достоинствени. Вие сте најдобрите што ги има Србија и верувам дека ќе го означите крајот на темнината и почетокот на слободна и светла иднина.“

Организаторите на протестот најавија нови граѓански иницијативи и собири во наредните денови.