Арсовска ќе ги објави сите објекти кои се градат во моментов: „Луѓето во Чаир немаат сон поради небезбедните згради на Ганиу“

од Nikola Popovski
34 прегледи

„Слушај криминалецу, луѓе сон немаат во Чаир од твоите небезбедни згради, кои со фалсификати ги легализирате да избегнете плаќање комуналии и да перете пари“ – вака градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја започна својата нова упатена порака до градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу по случајот со дивоградбите во оваа скопска општина.

Арсовска најави дека ќе ги јавно ќе ги објави сите спорни градби.

„Чесната жена сега ќе ти ги објави еден по еден сите објекти кои се градат во моментов, не пред 10 години, не пред 5 години, туку сега. Знае народ има и ум и очи и уши. Јасно му е на секој кој лаже, кој е криминалец и дека тука нема политика, туку има криминал, а ти со милионите се штитиш и си купуваш мир преку другарчињата од Влада“, потенцира градоначалничката.

Пред два дена, Ганиу најави дека дека адвокатски тим веќе работи на поднесување тужба против Арсовска за, како што наведе, изнесување невистини и клевети. Тој реагираше на изјавите на градоначалничката, која во изминатите два месеца јавно посочуваше на дивоградби во Чаир и повикуваше на негово апсење.

– Чаир има површина од околу три квадратни километри, каде речиси сè е приватна сопственост. Тврдењата дека објектите се на државно земјиште се неточни. Нема 150 згради како што се тврди, ниту пак има темели за 50 нови, изјави Ганиу.

Тој потсети дека, според податоците од 2005 година, во општината постоеле околу 13.000 дивоградби, што, како што рече, е состојба која општинската администрација ја наследила.