Премиерот Христијан Мицкоски на денешниот изборен ден порача дека имало јасна разлика помеѓу концептите што политичките партии ги понудија.
-Јасен е концептот што го нуди коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, јасен е концептот што го нудат нашите политички противници. Благодарност до граѓаните кои во првиот круг излегоа и во огромна бројка ја дадоа довербата за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалниците и советниците во советите на општините, нагласи Мицкоски.
Тој подвлече дека очекува таква да биде јасна разликата и голема победата и после овој, втор круг.
– Едноставно, да не дозволиме помали бучни групи или поединци, да ја креираат, ја профилираат нашата иднина. Туку, граѓаните иднината да си ја земат во свои раце и да излезат и да гласаат на овие локални избори, рече Мицкоски.
Притоа додаде дека промените биле почнати, процесот на реформи бил веќе почнат и тоа било процес што ќе следувал во годините што се пред нас.
– Сепак станува збор за децении кога работите биле ставани под тепих, или децении во кои апсолутно, многу малку се гледало за државата, а многу повеќе се гледало за просперитетот на поединци. Чувствувам дека овие локални избори се продолжување на процесот на реформи, процесот на развој на Македонија, нагласи Мицкоски.