ВЛЕН тврди дека е втора политичка сила во Македонија и побара оставка од Ахмети

Бакиу од ВЛЕН порача и дека „ДУИ и Ахмети ги предале изборите во општините Кичево и Брвеница“.

од Nikola Popovski
28 прегледи

Вечерва од коалицијата ВЛЕН порачаа дека со добиените општини се втора политичка сила на македонската сцена. Според таборот на неколкуте партии од албанскиот блок обединети во една коалиција, вечерва се заокружи промената кај Албанците.

Башким Бакиу од ВЛЕН истакна дека издвојувале убедлива победа во Тетово со над 5000 гласови разлика, во Боговиње со 1400 гласови разлика, како и победи во Дебар, Долнени, Струга…

-Граѓаните зборуваа јасно и гласно дека повеќе не поминаат деструктвните лаги и манипулации на ДУИ. Време е Али Ахмети да поднесе оставка и партијата да се реформира. За Албанците во Македонија доаѓа светла иднина, рече Бакиу на прес-конференцијата во седиштето на партијата во Тетово.

Бакиу порача и дека „ДУИ и Ахмети ги предале изборите во општините Кичево и Брвеница“ односно дека денеска заминал во посета на Тирана.