Интервју со проф. Бислими: Економијата „создава“ колку да се платат каматите за Јавниот долг, животниот стандард на „инфузија“ од задолжувања!

Економски раст од 3,8% за ниско развиена економија како нашата и, на пример за економијата на Словенија, не е исто. Стандардот и воопшто општествениот раст и развој го одржуваме со заеми. Засега , ваквите стапки на раст под 4%, не значат видливо подобрување на животниот стандард. Потребни ни се итни структурни реформи, вели во интервју за „Локално“ професорот Сами Беслими

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Економски раст од 3,8% за ниско развиена економија како нашата и, на пример за економијата на Словенија, не е исто. Стандардот и воопшто општествениот раст и развој го одржуваме со заеми. Засега , ваквите стапки на раст под 4%, не значат видливо подобрување на животниот стандард. Потребни ни се итни структурни реформи, вели во интервју за „Локално“ професорот Сами Беслими.

Статистички точно е дека во третиот кавртал економијата испорача раст од 3,8% отсто, колку оваа стапка на раст значи и подобар животен стандард?

Според Министерката за финансии, стапката на раст на новосоздадената вредност (БДП) во триетиот квартал изнесува 3,6 %. Искажувањето на растот во релативни показатели (стапка, индекс, процент) го показхува трендот, но не и вредноста на растот на БДП. Доколку растот изнесува 3,8 % , тоа значи дека вкупната дополнителна нова вредност изнесува околу 350 милиони евра, што претставува вредност нешто поголема од обврските по камати на име на јавниот долг. Растот на БДП за 350 милиони евра на годишно ниво, не е доволен за раст на општествениот и животниот стандард на населението, ниту пак овозможува финансирање на инвестициите во економскиот развој.

Сепак, стапката на раст за 3,8% и даде на Владата адут  да прогласи успех..

Сегашното ниво на општествен и животен стандард се обезбедува по пат на задолжување, ние трошиме многу повеќе од тоа што се создава, ние го трошиме тоа што треба да го создадеме во некое идно време. во услови кога имаме драстичен пад на странските инвестиции со над 600 милиони евра, ме потикнува на помислата дека, без тој прилив на средства во финансиската сметка, ќе мора дополнително да се задолжиме, за да се покрие дефицитот во платниот биланс на земјата, во спротивно ќе се соочиме со состојба на инсолвентност“

Зошто домашната економија не може да испорача позначаен економски раст кој ќе го почувстуваат граѓаните , што практично е и целта?

Домашната економија се соочува со неколку непремостливи ограничувања, т.е. мошне неповолна производна структура, екстремно низок производен капацитет и недоволни издвојувања на средства за финансирање на економскиот развој, посебно на инвестициите во нови знаења и технологии. Пазарната економија се базира на приод (ектензивен раст), без кој е невозможно да се постигне т.н. економија на обем.  Стапка на економски раст од 3,8 % во ниско развиена земја (како нашата), не е исто како во високо развиена економија. Растот на БДП на Словенија за 3,8 % значи дополнителна нова вредност од над 3 милијарди евра.

Кои се слабостите на домашната економија ?

Анализирајќи ги вредностите на макроекономските индикатори ( стапка на економски раст, стапка на вработеност, буџетскиот дефицит, трговскиот дефицит, дефицитот во тековната сметка, состојбата на платниот биланс, драстичното опаѓање на странските инвестиции, растот на јавниот долг, не би погрешил со заклочоците дека, прво – немаме никакви шанси за одржлив економски раст, без зголемување на инвестициите во зголемување на производните капацитети, посебно на инвестициите во нови знаења и технологии и второ – инвестиции во функција на промена на производната структура на домашната економија.

Се додека нема суштински реформи и во буџетските политики и во приватниот сектор – не можеме да сметаме на позначајни и одржливи стапки на економски раст…

Не може со 40% учество на реалниот сектор во создавањето на БДП, да се постигнат основните макроекономски цели. Не е можно раст на општествениот и животниот стандард на населението со толкаво ниско ниво на новосоздадената вредност. Ние со децении се соочуваме со циклична стапка на економски раст. Нашата економија се соочува со ниско ниво на конкурентност, поради ниското ниво на продуктивност и економичност. Ние континуирано го губиме не само надворешниот туку и внатрешниот пазар, домашната понуда не е доволна за покривање на потребите на домашната побарувачка и поради тоа нејзиниот простор се пополнува со зголемен увоз. Во првите девет месеци од 2025 година дефицитот на трговскиот биланс достигна вредност од околу 3 милијарди евра“

Д.А.