Села не разговарал со Мицкоски за идна соработка, но рече дека идејата за „Бадентер“ во Уставниот суд и при избор на Влада е негов предлог

-АА своите коалициски капацитети ги искористува за да постигне политички цели кои се зацврстени во нашата платформа и програма. Тоа сме биле и ќе продолжиме да бидеме, кажа Села

од Nikola Popovski
32 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук/Зијадин Села

Претседателот на едното од трите крила на Алијанса за Албанците, Зијадин Села оценува дека неговата партија има коалициски капацитети и дека тие не ги користи за лични потреби и именување на функционери. Запрашан дали размислуваат нивните пратеници да се приклучат кон владејачкото мнозинство и дали имаат некакви услови за влез во Владата, Села истакнува дека „немаат потреба врз нивен грб да носат постапки од други политички опции од минатото“.

-АА своите коалициски капацитети ги искористува за да постигне политички цели кои се зацврстени во нашата платформа и програма. Тоа сме биле и ќе продолжиме да бидеме. Да немаме потреба да носиме туѓо политичко делување од минатото и да продолжиме дека разговори и комуникации за проблемите во државата, сме отворени да ги разговараме со сите, ама за нас важно е да се дискутира, кажа Села во изјава за медиумите.

Лидерот на АА истакна и дека идејата за „Бадентер“ во Уставниот суд е нивна идеја како партија, како и идејата за формирање на Владата со бадентерово мнозинство.

-Не, не сме имале средба, кратко додаде Села, запрашан дали имал разговор со премиерот Христијан Мицкоски за некаква идна соработка во новата 2026 година.

Слични содржини