Тројца скопјани и еден Германец се степале на последниот ден од 2025 година

Тепачката се случила во катна гаража во скопски Центар

од Nikola Popovski
37 прегледи Фото: МВР

На 31.12.2025 во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во катна гаража на подрачјето на Центар во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лице(37) и лице(26), двајцата од Скопје, од една страна и лице(46) од Сојузна Република Германија и лице(45) од Скопје, од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.