Градски Ѕид добива рекреативен парк со детско игралиште, фитнес зона и ново зеленило

Во моментов се изведува битуменска хидроизолација на подземните гаражи на површина од околу 2.600 квадратни метри

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за уредување на просторот во Градски Ѕид, зад објектот „Краш”, на потегот од Зелено пазарче до улицата „Македонија”. ж

Во моментов се изведува битуменска хидроизолација на подземните гаражи на површина од околу 2.600 квадратни метри, со што ќе се надмине долгогодишниот проблем со протекување.

Паралелно се врши и целосно поплочување на просторот со нови елементи, со што се обезбедуваат уредени и безбедни пешачки патеки за граѓаните. Се отстрануваат  оштетените плочи, а просторот добива нов урбан лик.

Отстрането е старото и дотраено детско игралиште, а на истата локација се поставува ново и проширено место за детска игра,  со современи реквизити и безбедна подлога.

Веднаш до игралиштето ќе биде уредена и современа фитнес зона, опремена со справи за вежбање и рекреација, наменета за сите категории граѓани.

Проектот опфаќа и хортикултурно уредување, поставување нов систем за полевање и нова урбана опрема, со што просторот ќе добие функција на современ  парк во центарот на градот.

„На барање на жителите, го уредуваме овој потег за да биде попријатен, побезбеден и пофункционален за секојдневно користење”, порача градоначалникот Герасимовски.