Мицкоски: Груевски ако се врати, ќе оди на отслужување на казната затвор по правосилна пресуда

Премиерот потсети дека екстрадиција за поранешниот премиер претходно е побарана и таа е одбиена, а дека поради одредени причини му е даден азил

од Vladimir Zorba
30 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук/Креатива Локално

Премиерот Христијан Мицкоски нема информации дали ќе се врати поранешниот премиер Никола Груевски, и изјави дека ако се врати во земјата ќе мора да оди на отслужување на затворската казна по правосилна одлука.

-Немам информации, но доколку Груевски се појави во Македонија тој има правосилна пресуда и веднаш оргните на редот ќе го приведат и ќе го упатат на затворска казна која е согласно правосилна одлука. Ние сме Влада за која сите закони важат и мора да ги почитуваме. Секое лице има право да ги користи институциите да ги користи своите права да поднесува жалби. Ние како Влада имаме правосилна одлука и лицето се упатува на отслужување затворска казна, а дали ќе се врати и кога ќе се врати, јас немам информации, изјави Мицкоски.

Поранешниот премиер Груевски во септември 2018 година беше осуден за набавката на мерцедесот во случајот „Тенк“, а упатниот акт за во затвор беше прична во ноември истата година да избега во Будимпешта. Тој во Македонија се бара и за случаите „плацевите на Водно“, „талир 1“ и „талир 2“.

По параламентарните избори што викендов се оддржаа во Унгарија, досегашниот премиер Виктор Орбан, кој се смета за близок и со Груевски, но и со премиерот Мицкоски, беше поразен. Новиот унгарски премиер Петер Маѓар вчера изјави дека ќе го екстрадира Груевски во Македонија. Екстрадиција на Груевски македонското министерство за правда последен пат побарало во 2019 година.

На новинарско прашање околу најавената екстрадиција од страна на новиот унгарски премиер, Мицкоски рече дека изјавите на новата унгарска Влада вклучително и прашањето за Груевски не ги коментира.

-Прво да му честитам, волјата на граѓаните на Унгарија е недвосмисена и Петер Маѓар ја доби поддршката. Полтиките кои што тој ќе ги води очекувам да бидат проевропски и проинтегративни и очекувам бескомпромисна поддршка на евроинтеграцијата на регионот вклучително и нашата држава во рамките на ЕУ. Специфичните прашања вклучително и со поранешниот претседател на Владата, Груевски се одлука на унгарската Влада, така што јас не ги коментирам, изјви Мицкоски.

Тој додаде дека во случајот со Груевски екстрадиција е побарана уште во 2018 година, аво 2019 година таа е одбиена од Унгарија.

-Од она што сум запознаен постои процедура кога лицето има право на азил поради одредени причини и затоа одлучува министерството за правда. Јас не сум министер за правда, јас сум премиер, изјави Мицкоски.

Е.Б.