147
Ослободување на притворените лица и оставка на премиерот Никола Груевски побараа демонстрантите и на денешниот протест кој започнаа во 18 часот.
И денеска зградата на Илинденска ја обезбедуваа полицајци и на демонстрантите не им дозволија да протестираат на улицата непосредно пред објектот на владата.
Маршутата иста граѓаните се побројни . Започнаа од пред владата и преку мостот Гоце Делчев демонстрантите се упатија пред судот.
„Нашите другари кои се решија да го дигнат гласот против сите неправди и тиранијата, како за награда се зад решетки сместени. Тоа се практично политички затвореници и нема да се повлечеме додека не се ослободат“, порачаа демонстрантите.
Протестот заврши пред собранието а демонстрантите најавија дека ќе се протестира и утре со почеток 18 часот.