Алкохолот побезбеден ли е од марихуаната?

од Vladimir Zorba
91 прегледи

 

Да, марихуаната е дрога и затоа не е воопшто безбедно. Но забраната воопшто не води до намалување на потрошувачката. Да не зборуваме дека едно друго стимулативно средство – алкохолот – е легално, иако исто штети.Коментар од Матијас фон Хаинан:

0,,17845813_303,00
Експертите се едногласни: медицинари, правници и полицајци одамна инсистираат “војната против дрогата” да биде прогласена за очајно завршена. И апелираат за декриминализација на канабисот. Повеќе од половина германски професори по кривично право и без друго сметаат дека сегашните забрани на некои дроги се спротивни на уставот. Само што политичките промени секогаш бараат многу време и трпение. Особено кога станува збор за најконтроверзна тема како употреба на дрога, која е набиена со догми и морални ставови.

Неодамна, сепак ставовире за промена се множат: делегатите на конгресот на либералите гласаа со големо мнозинство за легализација на канабисот, макар и само под строго определени услови. Само неколку дена пред тоа една иницијатива на двајца пратеници од Бундестагот предизвика вистинска сензација – главно поради тоа што едниот политичар е од редовите на владејачкото мнозинство на Демохристијаните: Јоаким Пфајфер го публиква заедно со Дитер јаначек од Зелената партија документ со многузначен наслов: “Само еден регулиран пазар на канабис може ефективно да го спречи организираниот криминал “.

А алкохолот?

Иронично оваа позиција се појави токму во денот кога беше објавен и еден извештај на ОЕЦД за злоупотребите со алкохол. Во него се предупредуваше најмногу за опасностите кои произлегуваат од младинските пиајнчења, а во заклучокот се тврдеше: “Со политички мерки против алкохолната злоупотреба може да биде спасен животот на повеќе од 44 000 луѓе во Германија”. Според податоците на ОЕЦД, алкохолот е меѓу петте најчести причини кои водат до трајно оштетување и дури и смрт.

Марлен Мортлер, полномошничка на германската влада за проблемите на дрогата, веднаш го објави ставот на Пфајфер за негово лично мислење. Според Мортлер,на општеството не му се потребни нови легални дроги, откако и без друго си има доволно проблеми со алкохолот и тутунот. Проблемот во случајот е дека забраната на канабисот не го натера да исчезне. Оваа дрога одамна си проби пат во нашите општества. Речиси половина од анкетираните млади на возраст меѓу 20 и 25 години изјавиле дека имале контакт со оваа дрога. Се претпоставува дека редовните потрошувачи на канабис во Германија се меѓу 3 и 7 милиони. Тешко е да се сфати зошто овие луѓе треба да бидат третирани како криминалци кои се едвај не со едната нога во затвор. Повеќето од нив се граѓани кои ги почитуваат законите и ги плаќаат даноците. И не се разликуваат особено од оние кои консумираат пиво, вино и ракија.
Без илузии

На ова место ајде да разјасниме дека канабисот во никој случај не е безбеден. Ниту едно наркотично средство не е безбедно. Но откако со неколкудецениските политика на забрани не се намали ниту потрошувачката, ниту понудата е очигледно дека треба да се бараат нови патишта. И единствениот вистинита рецепт е да се ограничи штетата: преку строго регулирање преку просветителски кампањи, преку обезбедување на средства за ублажување на можните негативни последици. Парите за сето ова би можеле да се набават преку високо оданочување на потрошувачката – каков што е предлогот на пратениците Пфајфер и Јаначек. Бидејќи од забраните на канабисот заработува исклучиво организираниот криминал.

Заблуда е дека еден здравствено-политички проблем може да се реши со инструментите на кривичното право. Овој заклучок веќе си пробива пат на многу места низ светот. Пример за ова се иницијативите за легализација на канабисот во САД или Парагвај. Идеалот за општество без дрога не може да се реализира дури меѓу затворските ѕидови, а камоли во слободниот свет.