Летната сезона е во полн ек, но за многу жени соблекување по костим за капење е кошмар. Уште поужасни за дамите се фотографиите направени на плажа.
Професионалните модели и убавите млади девојки со совршени тела, знаат како да изгледаат блескаво во бикини, но за обичните жени ова е вистински предизвик.
Многу често дури и витките жени се сликаат лошо, потоа стомаците им изгледаат големи, имаат двојна брада и целулит.
Затоа треба да се следат некои основни совети, па летната фотосесија оваа година да е поуспешна и да можете со гордост да покажете фотографии од одмор.
Еве и 7 едноставни правила кои треба да се следат:
1. Подигнете ја брадата, исправете ги рамената и насмевнете се. Подобро не дозволувајте да ве сликаат одоздола нагоре.

Фото: oddstuffmagazine.com
2. Ако ќе ве сликаат во грб, соберете ги нозете заедно и стапалата на прсти, за да се стегнете и го подигнете задникот. Така вашата фигура ќе изгледа поцврста, а нозете – подолги.

Фото: oddstuffmagazine.com
3. Ако ќе ве фотографираат во целиот раст, прекрстете ги нозете, вовлечете го стомакот и исправете го грбот, со тоа што ќе ги ставите рацете врз задникот.

Фото: oddstuffmagazine.com
4. Кога се фотографирате легнати на лежалки, обидете се да не се навалувате на лактот, туку тој да е ваша потпора. Свиткајте ги вашите колена цврсто една до друга, а едната рака повлечете ја пред стомакот.

Фото: oddstuffmagazine.com

Фото: oddstuffmagazine.com
5. Ако се сликате седнати обично, најважно е да сте со исправени раменици и грб, бидејќи инаку стомакот ќе се набере. Соберете ги колковите и застанете малку на прсти, па тие да не се лепат на лежалката.

Фото: oddstuffmagazine.com
6. Ако се сликате во профил, исто така треба да застанете во позиција со исправени напред гради, стегнат задник и вовлечен стомак Малку свиткајте го коленото на предната нога.

Фото: oddstuffmagazine.com
7. Сликите во крупен кадар не треба да се во полн анфас, а најдобро е да се во благ профил со малку подигната брадичка и природна, а не исклештена насмевка.
