Кога и како треба да пиеме вода, за да го направиме организмот поздрав и силен?
Веројатно малкумина си го поставувале тоа прашање, бидејќи претпоставка е дека водата е најкорисната течност во природата и никој не мисли дека би наштетила кога е апсорбирана во поголемо количество.
Има моменти во кои е подобро да не пиеме вода. А има и моменти во кои пак е препорачливо да го правиме тоа со одреден редослед. Видете кога треба да пиеме вода и кога – не?
Пијте вода веднаш штом станете
Првото нешто што треба да го направите кога ќе се разбудите од сон е да испиете 1-2 чаши вода. Така го провоцирате организмот да работи забрзано, што помага за утринскиот тоалет.
Заменете ја водата за време на оброк
Не е добро да пиете вода за време на и веднаш после јадење. На овој начин ги разводнувате стомачните сокови. Тие се разредуваат и варењето станува потешко и неправилно. Наместо вода пијте малку јогурт, на пример.
Пијте чаша вода 30 минути пред јадење
На овој начин ќе го забрзате метаболизмот и ќе ја олесните редукција на килограми.
Пијте вода кога ќе почувствувате глад
Ако сте огладнеле предвреме и има доста време до следниот оброк, испијте една чаша вода за да го ублажите гладот. Откако ќе ја испиете почекајте 10 минути и испијте уште една чаша, ако гладот не исчезнала Така ќе се заштитите од непотребен дополнителен оброк, кој крие ризик од дебелеење.
Пијте повеќе вода во текот на денот, не навечер
Претерувањето со водата во вечерните часови штети на организмот и сонот. Ќе треба да станувате во текот на ноќта, а тоа ќе ве спречи да се одморите.
Некои луѓе не се будат толку лесно, иако им се оди до тоалет, што пак им штети на уринарниот систем, бидејќи ослободувањето на собраната урина се задржува. Мускулите на мочниот меур страдаат, а и има ризик од инфекции на уринарниот тракт.
Пијте вода пред и после тренинг
Ова се прави за да се напојуваат мускулите со потребните течности. Така се нормализира транспортната функција на клетките кога се снабдува со кислород и хранливи материи до секоја точка на зафатениотмускул.
Бремените, доилките и болните од грип треба да пијат повеќе вода
Пиењето повеќе вода му помага на телото да се опорави побрзо. Бремените жени и доилките имаат потреба од малку повеќе вода од вообичаеното – по околу 10 чаши на ден, за да го обноват водениот баланс во телото и да останат добро хидрирани.