Научниците од Харвард: Електронските цигари ја предизвикуваат тешката неизлечива болест “Пуканков бел дроб”!

од desk3
124 прегледи

Електронските цигари се зачинети со некои опасни хемикалии, од кои една е поврзана со тешка белодробна болест, информира АФП. Научниците од Институтот за јавно здравје во Харвард откриле дека 75% од ароматичните електронски цигари и спојници за нив ја предизвикуваат болеста “Пуканков бел дроб” поради присуството во нив на состојката диацетат. Болеста е наречена така, бидејќи е забележана за прв пат кај работници кои работеле во фабрики за производство на пуканки и вдишувале вештачки маслен прав.

20151227.ckcvsgkzhs

Многу малку се знае за болеста. Се смета дека е незилечива. Еден од симптомите е недостаток на воздух.

Bо eлeктонските цигapи yчeнитe востановиле 10 пати пoвeчe xемиcки сретдства, кoи можат дa пpeдизвикаат заболувања.

Во голем дел од есенциите, вклучувајќи го и толку саканиот од младите “шеќерен памук” и “капкејк”, има уште две штетни состојки.

Најдобрата храна против стрес

Инхалација на диацетатот може да предизвика редок вид на хроничниот бронхитис. Тој се содржи во многу вкусови за електронски цигари како овошје, алкохоли и бонбони.

Американските научници ги истражувале 51 вида аромати кои се користат за електронските цигари и полнила, барајќи присуство на диацетат, ацетоин и пантанедион. Познато е дека овие хемикалии се ризични за здравјето на работниците ангажирани во производството на мириси. Резултатите покажуваат дека 47 од испитаните 51 аромати за електронски цигари, содржат диацетил кој бил над нормалата во 39 од нив.

Светската здравствена организација (СЗО) веќе препорача да биде забранета продажбата на електронски цигари на малолетници, посочувајќи дека нивната употреба крие “сериозни закани” за адолесцентите.