Три килограми помалку за 4 дена

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Дамите секогаш сме нестрпливи, кога сакаме да се ослободиме од вишокот килограми. Пробуваме какви ли не агресивни диететски режими на исхрана кои не само што нè осудуваат на глад, но и не постигнуваме посакуваните резултати.bc8cca4e8da44d6b421573d450ad5d27

Денес споделуваме една диета, која е развиена од американски диетолози. Таа се почитува три дена, а за тоа време може да слабеете до 3-4 кг. По желба може да го продолжите диететскиот план на 10 дена, а потоа да се направи пауза од 4 дена и повторно да се започне диета.

Важно е помеѓу оброците да не земате друга храна, да пиете многу вода и да не додавате зачини. Чајот или кафето може да ги засладите со малку мед. Снимете си го менито.

Ден прв
појадок:
1/2 грејпфрут
1 парче здрав тост
2 лажици путер од кикирики, кои може да ги намачкате на парчето
чисто кафе или зелен чај
ручек:
100 г печено или варено месо
1 чаша варена боранија
1 чаша варено цвекло
1 мало јаболко
1 порција ванила сладолед
вечера:
2-3 конзерви туна во сопствен сос или печена риба
1 тост
чаша билен чај

Втор ден
појадок:
1 варено јајце
1/2 банана
1 тост
чисто кафе или зелен чај
ручек:
150 г печено или варено месо
1 чаша брокула, малку варена
1/2 чаша рендан морков, зачинет со малку лимонов сок
1/2 банана
1 топка ванила сладолед
вечера:
200 г урда
5 двопека
чаша билен чајd8a55234ff0d95ec6d4f05df4497dc19

Ден трети
појадок:
5 двопеци
1 парче сирење
1 мало јаболко
чисто кафе или зелен чај

ручек:
250 г туна од конзерва во сопствен сос
чаша варено цвекло
чаша варен карфиол
1 јаболко
1 порција ванила сладолед
вечера:
1 варено јајце
1 тост
чаша билен чај