Состојки:
1 страк рукола
3 тврдо варени јајца
3-4 големи домати
2 зелени пиперки
1 глава црвен кромид
1 конзерва туна
црни маслинки
филенца сардини
2 лажици маслиново масло
½ лажица црн пипер
2 страка сецкан босилок
малку сол
Подготовка:
Исечете ги варените јајца по должина на парчиња. Доматите исто така е добро да бидат исечени на големо. Пиперките исечете ги на ленти или на кругови по избор. Измешајте ги производите во голем сад. Полејте со маслиновото масло и зачини. Конечно додадете за декорација неколку филенца сардини и посипете со ситно сецкан свеж босилек.