Се трага уште по тројца кои продолжуваат да се кријат
Турските власти соопштија дека при операција крај одморалиште Мармарис на Егејското Море се фатени девет лица, осомничени дека учествувале во обидот за напад врз претседателот Реџеп Таип Ердоган во ноќта на обидот за воен удар на 15 јули, пренесоа американските медиуми.
Тогаш учесници во бунтот упаднаа во хотелот во кој почиваше претседателот , но се покажа дека тој успеал да напушти пред тоа.
Како што Локално.мк соопшти животот на Реџеп Ердоган бил загрозен за време на обидот за превратот. Бунтовници му го пресретнале авионот од Мармарис, а му го бомбардирале и хотелот Уште тројца осомничени продолжуваат да се кријат, соопшти владин претставник кој побарал анонимност. Во операцијата за апсење на осомничените учесници во нападот врз хотелот се користат хеликоптери и беспилотни летала, за да бидат пресретнати прогонетите. Властите добиле информации за нив од група локални ловци на свиња.
Ердоган бил во хотелот заедно со своето семејство, кога доцна на 15 јули бил информиран за обидот за преврат и ја прифатил препорака да биде преместен на побезбедно место. Потоа претседателот рече дека ако се беше забавено за 15 минути во хотелот најверојатно немало да остане жив.