Германската војска ја зголеми безбедноста во базата на НАТО во Турција

од Vladimir Zorba
103 прегледи

 

Германската војска ги зајакна безбедносните мерки на војниците во НАТО базата Инџирлик во јужна Турција, изјави за ДПА германски воен претставник. baza-indzirlik-420x240

– По спречениот обид за преврат во Турција само авиони опремени со средства за противракетна одбрана имаат дозвола да влегуваат во базата, истакна воениот претставник.

– Новите мерки за безбедност се краткорочни и превентивни и се усвоени од Германија, заедно со САД, како и другите партнери на НАТО, забележа тој.

Како што нагласи германскиот воен претставник, нема непосредна опасност за германската војска, која е распоредена во базата.