Груевски си заминал со семејството на одмор во Турција

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Лидерот на владеачката ВМРО ДПМНЕ според извори од аеродромот Александар Велики утрово заминал со сопругата децата и мајка му на одмор во Анталија, јави Либертас.

B93287482860314FA88DD33FBD4F7430

Истиот извор  тврди  дека возилото во кое било семејството Груевски директно влегло на пистата со вооружено обезбедување ивозило до самите склаи на авионот, сло лет за Анталија.

Од партијата на екс премиерот.  нема потврда  за оваа вест  но Либертас подочива дека Груевски и пред две години бил гостин на турскиот претседател Ердоган во Бодрум. Овој пат според непотврдените инфомации тој отишол да летува во Анталија. Владата на Р.М минатата недела му даде подршка на Турскиот претседател кој по неуспешниот воен пуч се пресметува со илјадници граѓани за кои смета дека не му се лојални.

Меѓународната заедница ги осуди апсењата и тортурата која ја прави Ердоган кон оние за кој тој смета дека не му се лојални. ВМРО ДПМНЕ по објавувањето на веста излезе со соопштение во кое потврди дека Груевски ќе летува во Турција во  „приватна режија и аранжман“.

фото: Архива