Британец, го финансирал српскиот воен злосторник Аркан, а и ќе го правел витез

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Воениот српски злосторник  и платеник Аркан.

аркан

 

Британски бизнисмен го  финансирал српскиот воен злосторник Аркан со 1 милион долари, и бил предложен за витешки орден. Предлогот бил  направено од поранешниот премиер Дејвид Камерон, непосредно пред да биде заменет од Тереза Меј минатиот месец. Камерон го има тоа право и на листата со предлози вклучил Јан Тејлор, една од највлијателните фигури во светската нафтена индустрија и спонзор на Конзервативната партија (ториевците), чиј лидер до неодамна беше Камерон. Камерон одлучил дека Тејлор заслужува витешки орден, иако  има компромати против спонзорот пред две години. Тогаш стана јасно дека компанијата на милијардерот Vitol oil  му дала на Аркан во 90-тите години од 1 милион долари. Србинот беше убиен во 2000 година во Белград. Потоа пратениците конзервативци побараа од Камерон да ја врати донацијата што Јан Тејлор  ја обезбеди на партијата. Самата компанија била вмешана во сомнителни трансакции во Ирак, Либија, Србија, а исто така во шемите за затајување на данок. Цела деценија Vitol oil користела услугите на компанијата, за да избегне данок на доход на вработените во Обединетото Кралство. Во 2012 година беше откриено дека таа ги игнорираше санкциите на ЕУ  за забрана за  трговија со иранска нафта. Централата на Vitol Oil се наоѓа во Швајцарија, која е даночен рај. 60-годишниот бизнисмен е Оксфордскиот дипломец.