Тарабите околу ГТЦ не се за „барокот на Грујо“

од Vladimir Zorba
105 прегледи

По бројните објави на порталите , дека  и ГТЦ влегува вобарокот на власта“ и дека се користат летните одмори за да се  подигне ограда околку трговскиот во Скопје, сепак се покажа дека е само претпоставка.

gtc-1

Оградата што е поставена кај Градскиот трговски центар во Скопје не е за менување на фасадата на зградата во Барок, нешто што  е дамнешна желба на власта а граѓаните одамна го блокираат и искажуваат незадоволство,  туку поради партерно уредување на Паркот на Жената борец, изјавија синоќа  од општина Центар повикувајќи се на информации од службите на Кабинетот на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. За денеска се најавени поконкретни информаци за какви градежни интервенции ќе станува збор.