Градите сакаат да ви кажат нешто за здравјето, чујте ги!

од Vladimir Zorba
384 прегледи

Женските гради се многу повеќе од убав детаљ кој ја докажува женската убавина и нежност. Тие се орган, кој може да помогне при многу важни работи за нашето здравје. Затоа слушнете го она што градите се обидуваат да ви го кажат! Обрнете внимание на следниве работи:b167dcefb88de83cde28c33e062a8c6f

Менструалниот циклус ќе дојде
Градите ви стануваат напнати, затегнати, болни. Не се плашете. Сето ова се случува поради хормоналните промени во овој момент од месечниот циклус.

Бремена сте
Уште во првите недели од бременоста градите трпат промени. Тие можат повторно да станат напнати и болни. Затоа многу жени мешаат овие симптоми со оние кај предменструален синдром.

Имате потреба од нов градник
Болките во градите можат да се предизвикани од носењето неудобни градници. Ако градникот ви е премногу тесен и затегнат, може да се јават болки во одредени места, најмногу околу жицата.

Премногу лабавиот градник е исто така штетен, бидејќи не обезбедува доволно поддршка за ткивото на градите. Ако имате големи гради тоа е поголем проблем, бидејќи целата тежина на градите ви паѓа на сврзното ткиво во нив и кожата.1e94717e95562d214ad82a70470c0f53

Можат да се појават не само болки, но и тегоби, стрии, како икожата на градите да се опушти – а тоа е најлошиот кошмар на секоја жена.

Слабеење
Кога градите ќе почнат да се намалуваат, тоа може да значи дека губите тежина. Многу е непријатно, бидејќи повеќето жени сакаат да ослабат на други места, не во градите. Но неизбежното е неизбежно – заедно со другото масно ткиво оваа во градите исто така се намалува.

Јадете премногу сол
Ако страдате од болно отекување на градите без да сте во предменструален синдром и без да сте бремена, причината може да е во преупотребата на солта.
Солта го предизвикува телото со вишокот течности во телото, вклучувајќи и во градите. Симптомите се болки, тежина, напрегнатост во градите, чешање, црвенило и непријатност.

Претерувате со кафето
Градите можат да ви нашепнат и за овој проблем. Може да не сфаќате, но при претерана конзумација на омилениот црн пијалок градите страдаат.

Едно истражување спроведено на Универзитетот во Калифорнија докажува дека намалувањето на внесот на кофеин за долг период на време ги намалува и болките во градите за време на циклус. Чувството на оток и тежина исто така се намалува.bca8b17dafb79bad288f9bc482862368

Сте претерале со тренинзите
Во градите исто така има мускули. Некои жени забораваат за овој факт . Во обид да ги стегнат и подигнат градите претеруваат со тренинзите, од кои страдаат мускулните влакна на градните мускули, а заедно со нив се воспалуваат и соседните ткива.
Се појавуваат болка, оток, тешкотии при движење. Ништо во големи дози не е корисно – имајте го тоа предвид!

Имате дефицит на железо
Доста жени страдаат од дефицит на железо, особено околу менструалниот циклус. Врската помеѓу тироидната жлезда, анемијата и контролата на млечните жлезди и јајниците е голема. Затоа при дефицит на железо во организмот можат да се појават болки во градите.

Слични содржини