Првиот реке во светот Новак Ѓоковиќ не го криеше своето разочарување од поразот од Хуан Мартин Дел Потро во прв круг на тенискиот турнир во Рио де Жанеиро.

Србинот отстапи пред Аргентинецот со 6-7 (4-7), 6-7 (2-7) и ја напушти неславно трката. “Дел Потро игра подобро и си ја заслужи оваа победа. Тоа е спортот. Разочаран сум од раниот пораз , но од друга страна сум радосен дека ме надигра мој добар пријател, кој во последните години се бореше со повреди и сега го враќа нивото . Нема сомнеж дека ова е еден од најтешките порази во мојот живот. тоа не е првата, ниту мојата последна загуба, но да паднеш на Олимпијада е сосема поинакво “, изјави Ноле. Победникот во 12 турнирот од гренд слем никогаш нема освоено олимписки злато. На Игрите во Пекинг во 2008 година, тој се бореше за бронза. Дел Потро во следната рунда ќе игра со Португалецот Жоао Соуза.