Унгарските власти испраќаат уште три илјади полицајци на границата со Србија и со Хрватска со цел целосно запирање на илегалната миграција.

Соопштението на властите во Будимпешта доаѓа само околу еден месец, откако Унгарија распореди над 8.000 војници и полицајци на границата со Србија, кои се опремени со оклопни транспортери, хеликоптери, термокамери, кучиња и дронови.
Во обезбедувањето на државните граници учествуваат и делови на жандармеријата. Сегашните дополнителни полициски сили ќе патролираат на границата со Србија и Хрватска.
“Немам желба да прифаќам ниту еден мигрант, бидејќи тие се отров за општеството”, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Локално.мк потсетува дека на 5 јули унгарскиот парламент гласаше законски измени, кои им овозможуваат на полицијата да враќа мигрантите кои се фатени во 8-километарската зона. Претседателот на Унгарија Јанош Адер закажа за 2 октомври национален референдум на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат во врска со квотите распределба на мигранти во земјите од ЕУ. / БГНЕС, БЕТА