Демонстранти “зазедоа” германско радио

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Тие сакале да го насочат вниманието на својот проблем  од оние од  политичката ситуација во Турција1469354511-2016-07-23t053447z-326331260-s1aetrefvraa-rtrmadp-3-europe-attacks-germany

Група од околу 30 курдски демонстрантивлегле  за околу два часа во  регионалното студио во Дизелдорф на германското радио WDR, јави националниот весник Die Welt. Инцидентот се случил во ноќта наспроти петок.
Портпаролот на полицијата информираше дека демонстрантите сакале да го насочат  вниманието кон политичката ситуација во Турција со постери и скандирања на курдски јазик. Групата протестираше мирно и на инсистирање на вработен на радиото е напуштила доброволно зградата. Повредени нема.
По обидот за државен удар на војската во Турција курдската заедница во Германија предвидува масовен егзодус. “На краток рок очекувам десетици илјади, а на среден неколку стотици илјади лица, баратели на азил од Турција во Германија”, изјави претседателот на курдската асоцијација во земјата Али Топрак.

Слични содржини