Комитетот за заштита на новинарите ја повика Турција да ги повлече сите обвиненија против прокурдски весник во земјата

од desk3
90 прегледи

 

 

Меѓународната невладина организација Комитет за заштита на новинарите ја повика владата на Турција да ги повлече сите обвиненија од најстариот прокурдски весник во земјата и да ги ослободи притворените новинари на весникот, пренесува РИА Новости.

ba571866a4cbefb092b8539cdd891a5e
“Турските власти го ставија весник Ozgur Gundem на бескрајна репресија. Обидот за државен удар во јули на никаков начин не го сопре затворањете на прокурдскиот весник или гонењето на работата на новинарите. Ги повикуваме властите да ги ослободат сите уапсени новинари и да дозволат весникот да биде издаден “, изјави координаторот на Комитетот за Европа и Централна Азија Нина Огнјанова.