(Фото) “Дејли мирор” ја нарече убава Обвинителката на Крим -“следната Путин”

од Vladimir Zorba
95 прегледи

“Железната принцеза” Наталија Поклонскаја сака да стане пратеник и може да се кандидира за претседателските избори во 2018 година

Главниот обвинител на Крим Наталија Поклонскаја ги кажа своите  намери да се кандидира за пратеник од партијата “Единствена Русија”, пишува “Дејли Мирор”. Според изданието Поклонскаја може да биде  “следната Путин”, ако се кандидира за претседателските избори во 2018 година.  Таа е позната по одржувањето на идејата за независност на полуостровот, а исто така и со критиката кон украинските власти.

“Дејли мирор” ја претставува како “Железната принцеза на Крим” и потсетува на тоа дека украинските националисти и се  заканувале со апсење и дури подготвувале атентат врз неа. Наталија Поклонскаја  беше назначена за главен обвинител на Крим на 33-годишна возраст. Таа ја освои светска слава веднаш по првата прес-конференција. Видео на кое таа слуша прашање поставено од новинар, собра околу 300 000 прегледи  во мрежата само во Јапонија, иако клипот не беше проследен со превод на јапонски.Во интернет пак се појавија бројни нејзини портрети, како и песни, видео игри, од нејзини приврзаници, фасциниран од нејзината убавина, но и цврстина на карактерот, пишува “Дејли Мирор”.

Самата Наталија Поклонскаја повеќепати изјавувал дека сака да стане пратеник не за да прави кариера, а за да им помага на луѓето и да се оправда нивната доверба. Поклонскаја беше вклучена на листата на “најмногу ветува политичари” на магазинот Forbes.