Еден куп новинари уапсени во Турција, турски синдикат протестира

од desk3
76 прегледи

Специјализираното обвинителство за борба против тероризмот и организираниот криминал во Истанбул побара притвор за 35 уапсени, меѓу кои и новинари, а судот го испочитува ова барање.

0778884001468646836_559917_600x458
Поради сомневање за врски со организацијата ФЕТО – Паралелно држава на исламскиот проповедник Фетхуллах Гулен, зад решетки ќе останат уредникот на електронското издание на весникот “Хуриет”, поранешен главен координатор на весникот “Јени Шафак” и колумнист во затворениот “Заман” Нуруллах Озтурк, репортерот од “Саманјолу-абер” Расим Јилмаз, отпуштен од “Јени Шафак” коментаторот Абдулах Аккуш, Јунус Тирјак и Левент Арап од “Буѓун” / исто затворен од властите /, дописниците на “Радикал” и “Мејдани” од Анкара Јумер Сахин и Ајхан Шимшек.

Судското решение сепак се однесува и на други новинари кои во моментов се надвор од земјата – Ергун Бабахан, проф.д-р Осман Јозсој и Шемсетин Ефе. Полицијата ја разби со железен елемнт вратата на домот на Јавуз Бајдар кој не бил дома со семејството и не успеале да го уапсат, но извршила претрес. Синдикатот на новинарите во Турција издаде протестно соопштение во кое се истакнува грубото кршење на законот при апсењата на десетиците новинари – без докази за нивната вина и без одлуки на судовите . Пред денешната операција во Истанбул преку затворите ги очекуваат судски процеси околу 80 новинари, како и 27 дистрибутери на еден медиум.