Серена и Радванска убедливи на стартот

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Серена Вилијамс ја  совлада со леснотија противничката во првиот круг на УС Опен. Американката се наметна над Русинката Екатерина Макаров со 6-3, 6-3.

5041665

Во следниот круг првиот  рекет во светот ќе игра со сонародничка си Вања Кинг, која  ја отстрани Германката Антонија Лотнер.

Со убедлива победа во Њујорк започна и поставената под №4 Агнешка Радванска. Пољкината  ја декласираше претставничката на домаќините Џесика Пегула со 6-1, 6-1 за помалку од еден час. Во други средби Германката Лаура Зигемунд  ја сврте Романката Патриција Марија ВИГ во три сета 3-6, 6-3, 6-2, а №10 Каролина Плишкова се наметне над Софија Кенија од САД со 6-4, 6-3.

5041666

Ветеранката Венус Вилијамс пак ја елиминира Украинката Катерина подемен со 6-2, 5-7, 6-4. Следна соперничка на 36-годишната Венус е Јулија Горгес која се справи лесно со Белгијката Јанина Викмајер – 6-3, 6-2.