Вечерњи лист: Шпионот уапсен додека бегал кон Хрватска

од Vladimir Zorba
92 прегледи

 

Загрепски Вечерњи лист објави повикувајќи се на извори во Белград, дека хрватскиот шпион уапсен синоќа во Белград е идентификуван како Чедо Чоловиќ (57), офицер во пензија од Република Српска.

spioniranje-prisluskuvanje-540x320 (1)

Весникот тврди дека уапсениот е обвинет дека со години во Загреб пренесувал податоци од Белград и поради него најмалку 9 Срби се обвинети за воени злосторства.

Тој бил уапсен додека бегал кон Хрватска, наведува медиумот.

Божа Спасиќ за апсењето на хрватскиот разузнавачи: Почна шпионската војна!

Според соопштение од српското Обвинителство, во петокот било лишено од слобода лице поради сомневање за кривично дело шпионажа. Лицето имало двојно државјанство, на Србија и на Хрватска.

Според Индекс.хр хрватскиот шпион работел за Воено безбедносната разузнавачка служба на Хрватска.