Чудо! Куче преживеал девет дена под урнатини од земјотресот во Италија( видео)

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Италијански спасувачи извлекоа на површина жив златен ретривер кој девет дена бил под урнатини во близина на Аматриче, по земјотресот што го погоди централниот дел од Италија.1472886581-17

Пожарникари слушнале лаење на пес по име Ромео кој по извлекувањето од урнатините делувал избезумено, но по неколку чекори веќе мрдал со опашката.

Пожарникарите го пронашле песот додека со неговите сопственици пребарувале урнатини од нивната куќа во потрага по најосновни работи што можеле да се спасат. Во земјотресот од 24 август загинаа приближно 300 лица.

 

https://youtu.be/x5k3jYUi-RM