МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ 9 Маврово, 10 Крушево, Лазарополе, 12 Пожар, 13 Пожаране, Ѓуриште, 14 Берово, Дебар, Тетово, Охрид, Тополчани, Претор, 15 Скопје Петровец, Битола, Прилеп, Скопје, 16 Штип, Куманово, Виница, Кр. Паланка, 17 Струмица, Гевгелија, Дојран, Д. Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
2 Берово, Кр. Паланка, 5 Виница, Пожар, 6 Штип, 9 Струмица, 10 Охрид, 11 Прилеп, Д. Капија, 12 Ѓуриште,16 Куманово, 19 Претор, Тетово, 24 Скопје-Петровец, Дебар, 26 Скопје-З.Рид, 28 Тополчани, 32 Битола, 34 Дојран, 37 Пожаране, 46 Лазарополе, 47 Гевгелија, 62 Крушево, 84 Маврово.
ВРЕМЕТО ПРЕКУ НОЌТА И УТРИНАВА Во текот на првата половина од ноќта во земјава преовладуваше облачно време со врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите беа пообилни во западните и јужните делови. Во втората половина од ноќта имаше помалку врнежи, беа локални и со слаб интензитет. Дуваше слаб ветер од североисточен правец. Утринава повторно има врнежи од дожд речиси насекаде и се со слаб до умерен интензитет, а во западните делови се пообилни. Дува слаб ветер од североисточен правец а во Прилепско повремено умерен.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Облачно и свежо со врнежи од дожд, со услови за ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови од земјава. Кон крајот на денот ќе има намалување на интензитетот на врнежи. Ќе дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 22 степена. УВ=3
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.