Чудо: Спасија мачка 15 дена по катастрофалниот земјотрес во Италија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Земјотресот  однесе животи на над 280 лица

spasuvachi
Мачка беше спасена од под урнатините во Аматриче – италијанското гратче кое настрада најмногу во земјотресот во Италија на крајот на август. 15 дена по потресот животното беше извадено од урнатините откако пожарникари го чуле да мјаука. Мачката е прегледана  од ветеринар и покрај повреди на нејзиното тело, нема опасност за нејзиниот живот. Се смета дека таа преживеалаповеќе од две недели, пиејки дождовна вода која се собирала  до местото каде што се наоѓала. Земјотресот однесе животи на над 280 лица во Италија, а стотици останаа без дом.