Жените заспиваат побрзо од мажите, и спијат подолго од нив. Тоа го покажува новото истражување направено во четири европски земји, пишува “Дејли експрес”. Во истражувањето учествувале 900 лица од Италија, Франција, Велика Британија и Германија, чии спиење е забележано во текот на шест месеци. Резултатите од истражувањето покажале дека жените и заспиваат побрзо од мажите – во просек за 17 минути, додека на претставниците на посилниот пол им се потребни 19 минути.

Дамите исто така спијат подолго од своите сопрузи или партнери – во просек по шест часа и 49 минути, или со 19 минути повеќе од мажите. Претставниците и на четирите нации, како и на двата пола, сепак не спијат доволно, што според експертите е осум часа.
На најквалитетен сон се радуваат Италијанците. Следуваат Британците и Германците. Најлошо спијат Французите, покажува уште истражувањето.